Трансформација на е-платформи во ЦЕ и БЕ хабови:

1) Платформа за повторна употреба: Платформата е развиена во рамките на проектот WASTE RREACT и надградена со цел да се поддржи работата на центрите за повторна употреба. Преку платформата, корисниците ја промовираат повторната употреба на производите бидејќи можат да испорачаат и/или да земат користени производи кои се или во добра состојба или поправени. (Линк: https://reuse.diadyma.gr/)

2) Платформа Symbiosis 2.0: Платформата Symbiosis беше развиена во рамките на проектот SYMBIOSIS и надградена со нови функции и нови улоги, создавајќи платформа Symbiosis 2.0. Надградената платформа е алатка посветена на ефикасно усогласување на материјали/услуги помеѓу различни бизниси, што води до нови идеи преку развој на B2B модели поврзани со биоекономијата и индустриската симбиоза. (Линк: https://symbiosisplatform.symbiolabs.gr)

3) Платформа becircular.eu: Платформата е развиена со цел да изнајмува/разменува производи кои на корисникот ретко му се потребни со цел да се намали прекумерната потрошувачка, а со тоа и отпадот на ресурсите. (Линк: https://becircular.eu/)

4) Платформа startapp.mk: Платформата е иновативна алатка за е-учење/онлајн учење, која обезбедува поддршка на учениците, студентите и младите претприемачи да ги градат и поддржат нивните бизнис идеи. (Линк: https://startapp.mk/login/index.php)