Кластерот за биоекономија и животна средина на Западна Македонија (CluBE), во рамките на проектот BeCircular на европската програма INTERREG IPA CBC Грција – Република Северна Македонија 2014-2020, се состана на 16. /05/2023 година со студентите на Факултетот за ликовни и применети уметности на Универзитетот на Западна Македонија во Лерин, со цел да се информираат за Циркуларната биоекономија и претприемништвото.
Настанот започна со краток поздрав на г-дин Филипос Каламарас, доцент на Факултетот за ликовни и применети уметности на Универзитетот во Западна Македонија. Потоа, г. Александрос Везос, проект менаџер и експерт за бизнис и претприемништво на Кластерот, накратко ги презентираше општите активности на Кластерот за биоекономија и животна средина на Западна Македонија (CluBE).
Потоа г-дин Василеос Балацитис, проект менаџер на CluBE и одговорен за проектот БеЦиркулар ја презеде презентацијата на проектот БеЦирукулар и дигиталната платформа SYMBIOSIS. Платформата е надградена во рамките на проектот за да интегрира повеќе функции и во суштина е алатка посветена на ефикасно усогласување на материјали/услуги помеѓу различни бизниси, што води до нови идеи преку развој на B2B модели поврзани со биоекономијата и индустриската симбиоза.
Информативната сесија заврши со презентација на г-дин Александрос Везос за претприемништвото во циркуларната биоекономија и потоа отворена дискусија со студентите и учесниците на настанот на истата тема.